ТЕМА НА БРОЈОТ
Во овој број ќе обработиме неколку интересни теми за деловен софтвер и за организација на деловните активности во компаниите. Темите се:
– НАПЛАТА НА ПОБАРУВАЊЕ :: Затворање на серијалот текстови за подобрување на процесот на наплата на побарувања
– КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ :: Како да воспоставите процедура за контрола на квалитетот во производството или во услужна компанија
– ХРОНОМЕТАР :: Интересна алатка за мерење на потрошеното време за секоја активност кон вашите клиенти
– КАСПЕРСКИ АНТИВИРУС :: Промотивна АКЦИЈА на еден од најдобрите антивирус програми на светот
Се надеваме дека ќе го привлечеме вашето внимание со овие текстови.
Тимот на ИнКом
НАПЛАТА НА ПОБАРУВАЊА
Во претходните броеви на InCom Newsletter, ви ја претставивме нашата методологија за подобрување на наплата на побарувањата. Се работи за комбинација на акумилирано искуство, дефинирани работни процедури, деловен софтвер и трансфер на знаење (обука) со крајна цел – да ја подобриме наплатата. 
Наплатата на побарување е најголемиот проблем на голем број македонски компании. Фактот дека проблемот е раширен, значи дека е многу тешко една компанија комплетно да биде имуна на овој проблем, бидејќи колку и да внимава на своите побарувања, проблемот може да го увезе од другите компании во државава. Затоа е потребно да ги превземеме сите потребни мерки да се заштитиме, пред проблемот да стане горка реалност.
Нашиот тим е подготвен да ви помогне ! Имаме богато искуство со компании во Македонија и регионот.
КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ
Компаниите користат различни записници со кои ги констатираат состојбите при контрола на процесите во компанијата. Контролата на квалитет во производствени или услужните компании, контрола на процесите во кујна, производство на храна или било каков производствен процес е редовна задача и потреба.
Потребата постои и е реална. Но, најчесто за решавање на оваа потреба, компаниите користат записници на хартиени формулари, а поретко истите факти ги препишуваат во електронска копија. Ваквите записници даваат основ за подоцнежна анализа. Но, податоците кои се собрани на ваков начин не се подготвени за дополнителни анализи. Во оној момент кога ќе се создаде потреба за анализа на записниците од контрола на квалитетот, компаниите започнуваат нов процес на реорганизација на податоците за да дојдат до потребните факти. Тоа е макотрпна работа, што предизвикува откажување од процесот на анализа, а со тоа директно се влијае на намалување на квалитетот на производите и услугите.
Модерно решение за контрола на квалитетот, е комбинација од деловен софтвер и достапни мобилни уреди. InCom field services деловниот софтвер, може да се користи на таблет или телефон, и со тоа станува многу ефикасна алатка за евиденција на било каков настан, кој ќе ни помогне во процесот на аквизиција на податоците. Лесен за користење и секогаш достапен. Тоа се карактеристики кои се потребни за да има широка примена во процесот на контрола на квалитет во производство или за контрола на услугите во услужните компании.
Тимот кој ја извршува контролата на квалитет, ќе ги има пред себе сите потребни информации потребни во самиот процес на контрола, ќе може да зема слики од состојбите, да ги анализира и споредува старите и новите состојби и на таков начин значително да ги подобри ефектите од сопствениот ангажман.
ХРОНОМЕТАР
Кај услужните претпријатија, најзначаен ресурс е времето. Добро искористено време, значи пружање на квалитетна услуга кон корисниците. Но, доколку искористеното време за интервенција, не се забележи, фактурира и наплати тогаш бенефит од услугата ќе има само корисникот. Премногу често компании забораваат дел од своите услуги, а во исто време иста услуга двапати ја фактурираат на корисникот. Ова доведува до намалена ефикасност во работењето. Поради ваквата состојба, компанијата може да трпи големи последици.
Втор значаен проблем кај услужните претпријатија е нивниот бизнис модел. Бидејќи немаат точна евиденција за потрошеното време, често се одлучуваат за паушален месечен износ. На ваков начин ја минимизираат администрацијата, но навлегуваат во друг проблем – нивните ресурси може да бидат премногу искористени, несоодветно на месечниот паушал.
Контролата на искористеното работно време е потреба кај многу услужни претпријатија: сметководствени бироа, консултантски компании, адвокати, сервиси … .
Квалитетно решение за мерење на искористеното време по корисник, претставува апликацијата Chronos. Исклучително лесна за користење, се активира со вклучување на компјутерот при што вработените при секоја нова активност, ќе го евидентираат почетокот на активноста со еден клик. Ова ќе ви овозможи увид во:
1. Вкупен број на интервенции и искористеното време – по корисник
2. Вкупно ефективно време – по вработен
3. Анализа по типови на интервенции
Доколку и вашата компанија има потреба за квалитетна евиденција на интервециите / сервисите кои ги давате на вашите корисници, ви стоиме на располагање за дополнителни информации.
АКЦИЈА :: Kaspersky small office security
Kaspersky small office security е производ специјално дизајниран за бизниси со 5 до 50 корисници, кои треба да ги заштитат своите сервери, работни станици и мобилни уреди. Kaspersky small office security води грижа за заштита на Вашата мрежа додека вие се грижите за вашиот бизнис.
Акцијата 3 години Касперски заштита за платени 2, трае до 30.06.2017. Ова е одлична прилика да го заштитите вашиот бизнис, податоците и одржливоста на вашите деловни операции.
Испратете ни го бројот на уреди (сервери, компјутери, мобилни телефони), за да ви доставиме конкретна понуда за Вашата компанија.
Контакт информации:
info@incom.mk
070-267-607
www.incom.mk
https://www.facebook.com/incomerp/
