ТЕМА НА БРОЈОТ
Во овој број ќе обработиме неколку интересни теми за деловен софтвер и за организација на деловните активности во компаниите. Темите се:
– Pantheon вертикални решенија :: Оптимизација на процесот на креирање на НАРАЧКИ ДО ДОБАВУВАЧИТЕ
– КОГА ДО НОВ ДЕЛОВЕН СОФТВЕР :: Како да ја направите конкуренцијата љубоморна на вашите деловни процеси
– КАСПЕРСКИ АНТИВИРУС :: Промотивна АКЦИЈА на еден од најдобрите антивирус програми на светот
Се надеваме дека ќе го привлечеме вашето внимание со овие текстови.
Уживајте.
Тимот на ИнКом
Pantheon вертикални решенија :: Оптимизација на процесот на креирање на НАРАЧКИ ДО ДОБАВУВАЧИТЕ

Во наредните неколку изданија на Incom Newsletter подетално ќе ви раскажеме за дел од нашите сопствени решенија кои сме ги развиле со цел повеќе да се приближи Pantheon деловниот софтвер до деловните процеси на нашите клиенти и значитено да ги оптимизира истите.
Во овој број ќе разгледаме две нови опции за оптимизација на процесот на креирање Нарачки до Добавувачи. Непотребно е да ги повторуваме бенефициите од оптимизацијата на овој процес како што се костантно одржување на оптимално ниво на залиха, ниски трошоци за складишнина истовремено имајќи максимално искористување на капацитетите и just-in-time испорака.
Првата опција ви нуди преглед на историските податоци поврзани со потребниот артикал или група на артикли. Тоа значи се генерираа листа на артикли од конкретен примарен добавувач и помошна табела со податоци како што се: ланска продажба, годинешна продажба, просек од 12 месеци, минимална залиха и залиха во сите одделни магацини. На овој начин ги имате сите потребни информации да направите „паметна нарачка“ и лесно да детектирате сезонски трендови.

Втората опција ви нуди уште поширок приказ. Имено после изборот на примарен добавувач и класификација на производи кои сакате да ги набавите добивате неколку табели на еден заеднички прозор. Првата ги прикажува избраните артикли, нивната цена и залиха, веднаш под таа табела имате листа на сите приемни документи за селектираниот производ со цел да следите како се движела цената. Паралелно во исто време од лева страна добивате приказ на сите сродни производи, супститути на избраните во примарната табела и нивна залиха и цена. Во долниот десен агол е листата на влезни документи за селектираните субститути за повторно да го следите движењето на цените.
Дополнително најдоле додадовме уште една табела каде следите залиха за бараните производи во сите магацини и истовремено добивате преглед на излезните документи каде претходно сте го продале производот и по која цена.
Сето ова ви овоможува да ја направите најмудрата, но истовремено и најисплатлива одлука за количини и артикли кои треба да се нарачаат.
Стоиме на располагање за било какви подетални информации во врска со овие два модули, како и изработка на предлог решение како истите би се вклопиле во вашето деловно функционирање.

Како да ја направите конкуренцијата љубоморна на вашите деловни процеси ?
Сакате да ја направите вашата конкуренција љубоморна ? Ништо лошо во тоа. Можеби е најдобро да ви завидуваат на вашата деловност, организираност …. да ви завидуваат на вашите деловни процеси.
Ако сакате тоа да го постигнете, потребно е да изберете нов ERP (деловен) софтвер кој ќе ги подржи новите процеси. Воведувањето на нови деловни процеси е тесно поврзано со воведување на нов деловен софтвер или со надоградба на постоечкиот. Во процесот на воведување на новите деловни процеси, ве чека патување со 6 станици:
1. Направете долга листа од опции: дали преферирате деловен софтвер инсталиран во вашите деловни простории, cloud опција … дефинирајте ги вашите бизнис потреби како и буџетските ограничувања. На ваков начин ќе дојдете до листа од не повеќе од 6 ERP добавувачи за вашиот нов деловен софтвер.
2. Скратете ја листата: Вашите бизнис потреби можете да ги категоризирате. Најзначајните потреби се всушност и оние преку кои ќе одлучите кои ERP добавувачи ќе останат на кусата листа од 3 понудувачи.
3. Направете детална анализа на вашата кратка листа добавувачи: морате да се уверите дека понудувачите на вашата кратка листа, ги задоволуваат вашите најзначајни потреби, додека го демонстрираат нивниот продукт. За да можете да ги споредите понудувачите, треба да направите сценарио за демонстрирање на продуктите. Во оваа фаза, потребно е да побарате од добавувачите стратегија за имплементација, преглед на трошоците, како и листа на карактеристики на продуктот што го нудат.
4. Вклучете ги секторските менаџери во процесот: клучните членови на вашиот тим, потребно е да бидат вклучени во процесот, за да и они дадат своја проценка на понудата, но и да ги споредат своите потреби со секое понудено решение.
5. Проверете ги техничките капацитети на понудувачите: вашиот проектен тим, потребно е да ги евалуира техничките капацитети на понудувачите како и опциите за интеграција и надоградба на новиот систем. Ова е значаен елемент при изборот на вистинки понудувач.
6. Донесете одлука: Вашиот тим врз основ на евалуација на понудувачите и врз основ на дефинираните критериуми треба да донесе одлука за нов деловен софтвер.
Но, ова е полесно да се каже отколку да се направи, нели ? Но, добриот избор може значително да ја подобри вашата организација, профитабилност но и задоволството на самите вработени од дневните процедури. Затоа, овој тежок пат не треба да го одлагате доколку се соочувате со организациски проблеми или тесни грла во работата.
АКЦИЈА :: Kaspersky small office security
Kaspersky small office security е производ специјално дизајниран за бизниси со 5 до 50 корисници, кои треба да ги заштитат своите сервери, работни станици и мобилни уреди. Kaspersky small office security води грижа за заштита на Вашата мрежа додека вие се грижите за вашиот бизнис.
Акцијата 3 години Касперски заштита за платени 2, трае до 30.06.2017. Ова е одлична прилика да го заштитите вашиот бизнис, податоците и одржливоста на вашите деловни операции.
Испратете ни го бројот на уреди (сервери, компјутери, мобилни телефони), за да ви доставиме конкретна понуда за Вашата компанија.
Контакт информации:
info@incom.mk
070-267-607
www.incom.mk
https://www.facebook.com/incomerp/
