Опис на индустријата
Успехот на хотелите во последните години, се повеќе е поврзан со квалитетот на деловниот систем кој го користат. Замената на традиционалната продажба со електронска продажба е фактичка состојба кај најголемиот број на хотели. Поврзаноста на нивниот деловен систем, со светските канали за продажба (booking.com, expedia, …) е неопходен услов за максимизирање на профитот.
Главни карактеристики на хотелите се:
- Комплекси операции на рецепцијата, потребно е да се менаџираат ефикасно
- Понудата на рестораните и баровите во хотелите, да биде достапна за гостите на хотелот
- Интеграција со различни канали за продажба, со автоматска распределба на капацитетите
- Автоматизиран процес на промена на цената, во зависност од зафатеноста на хотелот е предуслов за максимизирање на профитабилноста
- Интеграција на web страна на хотелот за директни резервации во хотелот
- Менаџирање со залихите во хотелот
Тргнувајќи од овие позиции, се доаѓа до потребата за користење на деловен систем, кој може деловните процеси да ги администрира, контролира, но и да информира за сите значајни параметри. Тимот на ИнКом во изминатите години, успешно реализираше повеќе проекти во хотели, и се стекна со одлични искуства и референци во оваа индустрија.
Деловен систем во хотелите треба да овозможи:
- Софистицирани алатки за продажба и продажен менаџмент
- Интеграција со сите светски канали за продажба (channel management)
- Интеграција со сопствена страна за резервација
- Менаџирање на настани
- Администрација на рецепција (Hotel PMS)
- Интегрирано менаџирање на ресторани и барови
- Софистицирани алатки за автоматска промена на цените
- Алатки за продажба на дополнителни услуги
Квалитетен деловен систем во хотелите, е основа за нивниот успех. Секаква импровизација за продажните активности доведува до губење на зделки. Секоја импровизација во менаџирање со најзначајниот ресурс – вработените, доведува до осипување на тимот. Импровизација или отсуство на деловен план, најчесто води кон финансиски проблеми. Импровизација во процесот на фактурирање, може да доведе до незадоволство кај корисниците на услугите. Затоа, хотелите имаат голема потреба за квалитетен деловен систем, кој ќе ги обедини сите деловни процеси во нивната компанија.
Тимот на ИнКом изработи сопствени модули кои најдоа примена кај хотелите. Преку овие модули, го автоматизиравме процесите за продажба по сите светски познати канали за продажба. Го автоматизиравме процесот за креирање на фактури, договори, менаџирање на рестораните и настаните организирани во хотелите, но и овозможивме алатки за буџетирање и следење на сите значајни параметри за максимизирање на профитот.